Општина Тетово: Обезбеден училиштен материјал и чанти за учениците Роми во три училишта
Општина Тетово информира дека се обезбедени училишни материјали и чанти за учениците Роми во основните училишта „Наим Фрашери“, „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“.
Оваа активност насловена „Туторство за деца Роми од второ до четврто одделение“ насочена кон подобрување на образованието за децата Роми, е реализирана од општинската Проектна единица за ромската заедница и другите маргинализирани групи.
- Во учебната 2023/2024 година, Општина Тетово презеде значајни мерки, обезбедувајќи училиштен материјал и чанти за учениците Роми во училиштата „Наим Фрашери“, „Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“. Оваа акција има за цел да гарантира дека децата Роми имаат еднаков пристап до образовните ресурси. Претставува прогресивен чекор за подобрување на квалитетот на образованието и компензирање на негативните последици од пандемијата Ковид-19 и образование на деца Роми, соопштија од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.
Претставници на општински Образовен сектор и Проектната единица за ромската заедница и другите маргинализирани групи ги посетија учениците кои посетуваат дополнително образование.
- Се запознаа со предизвиците со кои се соочуваат учениците и туторите, како и за придобивките од посетувањето на ова дополнително образование. Учениците и наставниците го изразија своето задоволство од активностите кои значително ќе го подобрат квалитетот на образованието на децата Роми. Овој проект е важен напор да се подобри образованието на децата Роми и тие да имаат можност да го развијат својот целосен потенцијал, велат од Општина Тетово.
Проектот се реализира со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Ромактед – фаза II“, покажувајќи ја посветеноста на меѓународната заедница во поддршката на образованието на децата Роми во Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа