Руската државна телевизија ликуваше по говорот на Ванс: „Јавно камшикување на Европа“

 

Руската државна телевизија „Русија 1“ со воодушевување го пренесе говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, пренесува Би-Би-Си.

– Беше многу убаво да се слушне овој силен говор на Ванс, изјави дописничката Асија Јемељанова, додавајќи: Ова беше јавно камшикување, не можам поинаку да го наречам. Беше интересно да се набљудуваат и реакциите на оние што го слушаа, рече таа низ смеа.

Посебно го пофали коментарот на Ванс за „закани одвнатре“, кои, според него, се поважни од руското или кинеското мешање во Европа.

Јемељанова исто така ги поддржа тврдењата на Ванс за опаѓањето на демократијата и слободата на говорот во Европа.

Според Би-Би-Си, ваквите изјави совршено се вклопуваат во наративот што руските државни медиуми го пласираат со години, а коментарите на Ванс беа позитивно оценети на сите про-Кремљ канали.

14.02.2025 - 22:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега