Орбан: Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле, додавајќи дека секој што мисли поинаку е во заблуда.
„Се повеќе луѓе велат дека Украина нема да победи на бојното поле“, изјави Орбан во интервју за неделникот „Мандинер“.
Тој изјави дека се согласува со тоа мислење и посочи дека тоа го зборувал од самиот почеток.
„Да не се залажуваме дека Украинците можат да ја добијат оваа војна со наша поддршка“, рече Орбан.
Тој додаде дека Европската унија „се нашла во замка“ кога почнала да испраќа воена помош за Украина, сметајќи на успесите на Киев на фронтот.
Сепак, според него, ЕУ немала никаков план за вонредни состојби во случај тоа да не успее.
„Немаше план Б, бидејќи постоеше само овој план за победа, кој пропадна“, рече Орбан.
Тој изјави дека лидерите на Европската унија се уште не сакаат да ја признаат таа грешка и продолжуваат да испраќаат оружје во Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа