Оризова вода: Препарат кој го поттикнуваа растот на косата и ја прави поздрава

 

Главната состојка за сјајна и цврста коса е во вашата кујна.

Ја скративте косата, но сега повторно сакате бујна и долга коса? Можеби водата од ориз е решението за вас.

Виткањето на косата, пеглањето и фарбањето се само некои од причините зошто вашата коса е безживотна или оштетена и зошто не може да порасне до саканата должина. Генетиката и структурата на вашата коса играат голема улога во сето ова. Но, ако сте навистина решени да ја опоравите косата и сакате таа да стане долга и свиленкаста, пробајте со оризова вода а можете лесно да ја направите дома.

Поточно, жените во Јапонија и Кина со векови користеле оризова вода за да ја одржат косата здрава, а оваа состојка од неодамна ја користат козметичките брендови во нивните производи за нега на коса. Така, разни шампони и балсами сега можат да се најдат на пазарот а во нив оризот да е главната состојка. Но, зошто водата од ориз е толку популарна во негата на коса и дали има вистина за тоа што помага косата да расте побрзо? Експертите велат дека нема цврсти научни докази дека водата од ориз навистина го стимулира растот на косата, но тоа сигурно ќе помогне косата да биде поздрава и поотпорна на оштетување. Водата од ориз содржи корисни аминокиселини и витамини кои ја зајакнуваат структурата на косата, што значи дека косата нема брзо да се оштети, што доведува до поздрава коса која ќе трае подолго без испукани врвови. Покрај тоа, експертите посочуваат дека испирањето на косата со оризова вода ќе го олесни чешлањето и ќе ја направи косата еластична и мека, а водата од ориз може да обезбеди и заштита од оштетување предизвикано од алатки за стилизирање.

Ако сакате да потврдите дали тврдењата за оваа магична вода се вистинити, подготовката за оризовата вода е многу лесна. Во сад измешајте еднакви количини вода и суров ориз. Оризот треба да се пре-измие за да се ослободи од потенцијалните нечистотии. Оваа мешавина треба да се остави на собна температура 24 часа. После тоа исцедете го оризот и можете да ја чувате оризовата вода во фрижидер и да ја искористите за плакнење откако ќе ја измиете косата или како маска. Вашата коса ќе биде мазна, сјајна и цврста по редовна употреба, а оризовата вода може да се користи и за нега на кожата. Истражувањата покажаа дека водата од ориз може да помогне во заздравување и обновување на кожата на луѓето кои страдаат од дерматитис.

За понатамошно зајакнување на вашата нега на коса, изберете производи за коса кои го стимулираат растот и ја навлажнуваат косата, а во оризовата вода, можете да вклучите различни природни масла во вашата рутина; кокосово масло, масло од арган, масло од авокадо или шеа путер состојки кои ја хранат вашата коса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2021 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега