Ослободувањето на Скопје го прославиле на уникатен начин: Полеале кафеана со бензин, па ја запалиле

 

Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, соопшти МВР.

Тие се осомничени дека запалиле кафеана на 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор.

„На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град“, пишува во полицискиот билтен.

20.11.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега