Османи очекува дека уставните измени ќе завршат успешно: Моја задача е да сум оптимист и да работам тоа да се случи
Министерот за надворшени работи Бујар Османи во врска уставните измени истакна дека дека очекува процесот да заврши успешно и навремено.
„Моја задача е да сум оптимист и да работам тоа да се случи. Според моите сознанија, процесот ќе заврши успешно и се надевам навремено“, рече тој.
Според него, не станува збор за промена или измена на Уставот на Македонија.
„Тоа е уставна реформа бидејќи не менуваме ништо во Уставот. Ние додаваме уште неколку заедници, бидејќи перцепцијата е дека нешто ќе смениме. Од листата на шест заедници, додаваме уште четири. Работиме на тоа и оптимисти сме дека ќе се заврши во наредниот период“, кажа министерот.
Во однос на Акцискиот план во контекст на преговарачкиот процес со ЕУ, Османи рече дека е во подготовка и него работат домашни и надворешни експерти, а веќе има и втор драфт.
Неговата подготовка е поврзана и со процесот на уставните измени и штом ќе биде подготвен, како што рече, ќе биде испратен на усвојување во ЕК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа