Откриена вистината за мајката на Матеј: Утеха најде само овде

 

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот 27-годишен Матеј Периш, минатата недела се врати во Сплит после два и пол месеци поминати во Белград.

Тој во меѓувреме се видел со мајката на Матеј, својата поранешна сопруга, која деновите ги поминува со молитви.

„Нејзе ѝ е најтешко. Прво што ме праша е: Како си? Таа ѝ се посвети на верата и секојдневно се моли. Ѝ кажав се’ што знам. За жал, детето не си го најдовме“, вели Периш.

Како крајно чувствителна ја опишува и средбата со ќерките кои го дочекале со истото прашање.

„На сите им нагласувам дека јас не сум воопшто важен. Тоа што го правам би го направил секој родител на светот. Не ми е лесно што морав да се вратам, но едноставно немав друг избор. Морам да мислам и на работата и на семејството“, вели тој.

Матеј Периш исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември. По напуштањето на ноќниот клуб „Готик“ му се губи секаква трага.

19.03.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега