Откриено чиј бил ранецот кој падна од небо во Неготино (ФОТО)

 

Ранецот кој падна денеска во Неготино привлече големо внимание на македонската јавност, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија чиј бил ранецот.

Б.С. (35) од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и го оштетила истиот, по што на терен излегла екипа од ОВР Неготино.

Притоа бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

03.05.2022 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега