Овие се вистинските причини: Зошто мажите ги изневеруваат дури и најсовршените жени?

 

Сметаме дека нема посебна потреба да се нагласува дека мажите изневеруваат.

А сигурно многу пати сте слушнале и виделе дека изневерувале дури и жени кои прават се совршено и даваат се од себе околу се. Се разбира, тогаш не им е јасно зошто се случило тоа.

Чувствуваат дека направиле се како што треба, дека ги земале предвид потребите на своите сопрузи, а можеби дури и ги ставиле пред своите. Некои од нив можеби се откажале од ветувачката кариера за да го издржуваат и да се грижат за децата.

И да, навистина е тешко да се поверува, а уште помалку да се разбере зошто мажот би ја изневерил совршената жена.

Сепак, постојат две причини за ова.

Недостаток на зрелост
Недостатокот на претходно искуство на полето на врските или способноста да се разберат последиците, може да го наведат мажот да биде неверен. Се проценува дека околу 68 отсто од мажите се чувствуваат виновни по изневерувањето. Она што е важно изневерената жена да го разбере е дека недоволната зрелост на нејзиниот сопруг нема апсолутно никаква врска со нејзиното однесување кон него. Ако не е доволно зрел да разбере колку ќе биде штетна неговата афера, тогаш не знае ни да ја цени личноста со која е во брак.

Гнев или одмазда
Понекогаш мажот одлучува да изневерува жена за да и се одмазди за неправдата што мисли дека му била нанесена. Во овој случај, тој свесно избира однесување за кое знае дека е штетно, за да му нанесе болка на личноста со која е во брак. Иако е сосема природно да има несогласувања во бракот, многу парови запаѓаат во нездрави шеми на борба. Наместо да го решат спорот, тие се лутат, секој во својот агол и планираат одмазда.

09.11.2021 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега