Паричник пронајден на Антарктикот му бил вратен на сопственикот по 53 години
На метеорологот од Сан Диего, Пол Гришам, му бил вратен паричникот дури 53 години откако го загубил на Антарктикот.
Тој за весникот „San Diego Union-Tribune“ изјавил дека е шокиран од тоа колку луѓе се здружиле за да го пронајдат и да му го вратат паричникот.
Гришам, кој има 91 година, бил на емисијата „Deep Freeze“, опкружен со мраз во текот на 1960-та година, кога бил испратен на најладниот континент како воен метеоролог. Во паричникот кој го загубил тогаш имало лична карта, возачка дозвола, упатства во случај на атомски, биолошки или хемиски напад, сметки и ваучер за пиво.
Инаку, документите биле пронајдени уште во 2014-та година при уривање на зграда, а голем број луѓе ги здружиле силите со цел да откријат кому припаѓаат, користејќи модерна технологија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа