Патики на Канје Вест продадени за рекордни 1,8 милион долари
Патики на американскиот рапер Канје Вест се продадени за рекордни 1,8 милион долари.
Патиките се купени на специјализирана платформа, соопшти денеска аукциската куќа „Сотби“, која ја организира аукцијата.
Станува збор за патики од моделот Air Yeezy на „Најки“, кои американскиот рапер ги носеше на доделувањето на наградите „Греми“ во 2008 година.
Досега најскапи патики продадени на аукција беа патиките Nike Air Jordan 1, што ги носеше Мајкл Џордан во 1985 година, а беа продадени за 615.000 долари на аукција во август 2020 година.
Макфакс
27.04.2021 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа