Петров: За време на кампањата ќе има средби со граѓани, со 50 лица на отворен простор и 30 во затворен простор

Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Тој кажа дека кампањата ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

„До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери. Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци, информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор“, кажа Петров.

Сите настани, додаде тој, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.

Петров рече дека СДСМ нема да врши активности од „врата до врата“.

„Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните“, кажа Петров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега