Петрушевски: Постои круцијален доказ дека последните избори во Република Македонија беа нелигитимни

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од собраниската говорница посочи дека сето ова е само уште едно продолжение на се она што се случува во изминатиот период, на најнелигитимните избори што се одржале во Република Македонија. 

„Постои круцијален доказ дека последните избори во Република Македонија беа  и те како нелигитимни“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски додаде дека граѓаните на Република Македонија се сведоци на постизборен инженеринг во кој се заобиколува волјата на граѓаните. 

„Од овој постизборен инженеринг СДСМ и Зоран Заев единствено бенефит имате вие и вашата врхушка. Преку сето ова единствено СДСМ и Зоран Заев ќе ги заштитат своите криминали, ќе продолжат со матните тендерите, и привилегиите“, истакна Петрушевски. 

 

Петрушевски посочи дека ова парламентарно мнозинство за жал едно зборува пред граѓаните, а друго прави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега