Пијан се забил во возило - Автомобилот превртен и запален, две лица починаа

 

Тешка сообраќајна несреќа со две жртви се случила синоќа во Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, во 19 часот и 20 минути, на патот кон Суботица, се случила сообраќајка во која две лица го загубиле животот. До несреќата дошло кога 52-годишниот Ј.Т. кој управувал со Пасат, возејќи пребрзо, се судрил со друго возило. Двете возила се превртеле на кров, а возилото марка Фиат се запалило.

На лице место за жал, две лица кои се возеле во возилото марка Фиат го загубиле животот, додека Ј.Т. и неговиот совозач тешко повредени биле пренесени во болница.

Утврдено е дека Ј.Т. го управувал пасатот со 2,07 промили алкохол. 

05.03.2025 - 09:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега