По семејната тага, се огласи и Адријана Алачки: „Заедно се радувавме и плачевме, барем сега почивај во мир“
Адријана Алачки сподели емотивна посвета која изненади многумина.
Популарната пејачка и авторка на телевизискиот проект „Вкусот на традицијата“ со потресни зборови се прости од мајката на нејзиниот поранешен партнер Горан Алачки која почина пред два дена.
„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше „терај си ја работата, јас сум тука“. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Се’ уште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки.. Никој не знаеше подобро од тебе.. Ти благодарам за се’! Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“, напиша Алачки на „Фејсбук“ споделувајќи и две фотографии со неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа