По железничката несреќа во Грција, назначен е нов министер за транспорт

 

Новоименуваниот министер за транспорт на Грција вели дека ја презема функцијата со задача да ја истражи најсмртоносната железничка несреќа во земјата, да го модернизира оштетениот железнички систем и да ја врати безбедноста на железницата.

„Тоа е многу голема одговорност“, рече Јоргос Герапетритис за новинарите за време на примопредавањето на должностите во министерството.

Владата е на удар на критики за состојбата на грчкиот железнички систем откога завчера приградски воз се судри со товарен воз, при што загинаа најмалку 46 лица, од кои многумина студенти на возраст од 20 години. Десетици луѓе беа повредени.

Герапетритис рече дека владата формира комисија од експерти што ќе ги испита на транспарентен начин причините за несреќата, како и абнормалностите и пасивноста што постојат долго време, пренесе „Индекс.хр“.

02.03.2023 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега