Подмолна измама: Ќерка и „прегазила дете“, мајка остана без 130 000 денари
Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа - прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите.
Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
18.01.2025 - 15:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа