Полицијата со нови детали: На Болдвин му било дадено оружје, а биле пронајдени и други вистински куршуми
Се огласија и од полицијата која го истражуваше случајот за смртта на младата снимателка, која глумецот Алек Болдвин ја испука за време на филмска сцена, ненамерно.
„Куршумот што ја уби Хачинс е пронајден во рамото на Соуза“, изјави шерифот на округот Санта Фе, Адам Мендоза, на првата прес-конференција.
Засега немало да бидат покренати криминални обвиненија против него. Полицијата кажа дека на сетот се пронајдени околу 500 куршуми, меѓу кои имало и вистински.
„Истрагата и натаму е во рана фаза, но некои факти се јасни: оружјето му било дадено на Болдвин. Оружјето било функционално и од него бил испукан вистински куршум. Остануваат прашањата за присуството на вистинската муниција на сетот. Треба да утврдиме како и зошто се нашла таму, зашто не требала да биде таму“, изјавија од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа