Поранешниот грчки крал денеска ќе биде погребан во Атина

 

Поранешниот грчки крал Константин Втори денеска ќе биде погребан во Атина, без државни почести, но во присуство на членови на кралски семејства од повеќе држави, меѓу кои и од Шпанија, Холандија, Шведска, Данска, Луксембург итн.

Според грчките медиуми, во Атина од рано утрово собрани се граѓани кои во редица чекаат за да му упатат последен поздрав на поранешниот крал.

Константин Втори, кој минатата седмица почина на 82-годишна возраст, ќе биде погребан во поранешниот кралски имот во близина на Атина.

На погребот, грчката Влада ќе ја претставуваат вицепремиерот Панајотис Пикраменос и министерката за култура Лина Мендони.

16.01.2023 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега