Потресно сведоштво на мајка чија ќерка починала на Онкологија: „Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен“

 

Случајот на Онкологија ја разбранува јавноста. На Фејсбук се споделуваат разни сведоштва и ставови на граѓаните, кои се згрозени од тоа што се случувало на клиниката.

Сега, се споделува статус на Дејана Новаковиќ, чија ќерка починала на клиниката од канцер.

„Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиниката за онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, они со „терапијата“ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава! Ќе активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите! Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!

Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, напиша таа.

03.09.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега