Повредени четири лица во сообраќајка кај Глумово, еден од возачите побегнал

Вчера во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

22.06.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега