Пожар на четири места на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно човечки фактор

Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. 

- Нашите пожарникари од рано утринава се на терен и интервенираа на четири локации. Благодарение на брзата интервенција пожарите се локализирани и изгаснати. Според првичните информации, човечки фактор е најверојатно  причината за пожарот на четирите места на висорамнината. Се работи на терен за утврдување на точниот причинител, истовремено се контролира целиот терен, нагласуваат од Противпожарната единица. 

Оттаму упатуваат апел за внимателност до сите, со цел превентивно да се влијае и да се спречи појавата на пожари. Особено во услови на многу топло време.

13.07.2024 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега