Пожарот на Галичица се шири и кон Охрид

 

Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, доброволци, хеликоптери и „ер трактори“ веќе 10 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа на социјалните мрежи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно почна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа.

Во фејсбук-групата „Охриѓани“ е споделен повик до сите граѓани што сакаат да помогнат во гаснењето на пожарот на Галичица, кој се прошири на страната кон Охрид.

„По консултација со планинската спасителна служба, сите физички спремни доброволци, утре (денес), во 7 часот, да се пријават кај планинарската куќа ‘Спиридон’ (по црквичето ‘Св. Ѓорѓија’ на Галичица кон Ресен, од десна страна) со свој алат – мотика или гребло! Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица. За жал, моментно нема друга (поголема) организација за спас на националниот парк!“, стои во апелот.

15.08.2024 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега