Познат идентитетот на убиените во двојното убиство вечерва во Скопје
Двојно убиство се случи вечерва во центарот на Скопје.
„Lajme Nga Bota“ повикувајќи се на полициски извори пренесува дека убиените се Јетон Кривањева со прекар Жила и помладо момче со прекар Лаци.
Инаку, официјално се огласија и од Министерството за внатрешни работи, кои во соопштение испратено до медиумите откриваат како се случила вечерашната престрелка во скопско Кале.
Имено, повеќе лица пукале кон лицата со иницијали Ј.К., Е.И., и А.Т. Првите двајца починале на лице место, а третиот (А.Т.) итно е пренесен во болница за укажување на лекарска помош.
„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа