Познатиот фудбалер со години водел двоен живот - сопругата сега ја открила суровата тајна

 

Поранешната сопруга на познатиот фудбалер Патрис Евра доживеала шок кога дознала дека сопругот ја изневерил со друга жена, пишува „The Sun“.

Меѓутоа, „ладниот туш“ следел кога таа дознала дека француската легенда има и 2 деца со љубовницата. 

39-годишната Сандра дознала дека Патрис пред неколку години ја запознал докторката Габриела Бирли во Лас Вегас. Набрзо потоа стапиле во љубовна врска иако Патрис бил во брак со Сандра со која има 2 деца. Тој продолжил да се гледа со Габриела и кога се вратил во Велика Британија.

Габриела, нејзината сестра Ребека и мајката Марија одлетале за Бразил да го гледаат Евра како игра за француската репрезентација на Светското првенство во 2014 година. На социјалната мрежа објавила фотографија на која може да се забележи дека присуствуваат на натпреварот против Еквадор, а на истиот меч присуствувала и Сандра.

Следниот ден, сопругата на Евра позирала во маица од француската репрезентација со бројот 3, кој го носи Патрис.

Минатата недела Сандра открила дека таа и Патрис се разведуваат по 25 години заеднички живот. Фудбалерот го напуштил семејниот дом во Париз во јануари за да работи за „Sky Sports“, а сега живее со моделот Марго Александра.

Сандра, која го запознала Евра кога имале 14 години, изјавила:

„Патрис е единствениот маж кој некогаш сум го сакала, а тој кон мене се однесуваше сурово“.

Извор близок до семејството на Евра изјавил:

„Сандра ќе биде скршена по ова. Тој водел двоен живот и со години ја изневерувал. Нејзините деца имаат полубрат и полусестра. Тоа е неверојатна ситуација“, пишува „The Sun“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега