Преживеал маларија и корона, а сега ослепел и се парализирал откако го каснала кобра- Британец имал бурна година

 

 

Јан Џонс, хуманитарен работник од Велика Британија, ослепел и останал парализиран откако го каснала кобра.

Тој имал несреќа во близина на селото Јодпур во Раџастан, Индија, а неговото семејство е преплашено, но тие веруваат дека слепилото и парализата се само привремени и дека ќе се опорави.

Патем, ова била многу лоша година за Џонс, бидејќи тој веќе имал маларија, денга треска и коронавирус во Индија.

Овој поранешен здравствен работник во Индија води социјално претпријатие кое им помага на работниците таму да ги пласираат своите производи за да излезат од сиромаштијата. Неговите колеги рекоа дека тој привремено живеел во Јодпур со цел да биде поблизу до оние на кои им помага.

„Тој беше во магацин кога неговото куче Роки започна да лае. Кога посегна да го смири, кобрата го касна двапати поради ненадејното движење “, изјави колешката Клер Робертсон.

Бил на интензивна нега две недели, но ја напуштил болницата затоа што има премногу пациенти со ковида-19.

Синот Себастијан вели дека Џонс сака да остане во Индија и да продолжи да им помага на сиромашните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега