Принцот Филип во болница веќе неколку дена- Вилијам откри каква е здраствена состојба на неговиот дедо
Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета, се чувствува добро, изјави денеска неговиот внук принцот Вилијам откако 99-годишниот сопруг на британската кралица ја помина шестата ноќ во болница.
Филип, војводата од Единбург, беше примен во болница во вторникот како мерка на претпазливост, откако неколку дена се чувствуваше лошо поради ковид 19.
„Да, во ред е, тие го пазат“, рече Вилијам за време на посетата на центарот за вакцинација во источна Англија, пренесува Ројтерс.
Принцот Филип бил примен во приватната болница на кралот Едвард VII во центарот на Лондон, а кралски извор рекол дека лекарите постапиле со голема претпазливост .
Неговиот син и наследник, принцот Чарлс, го посети кратко во саботата, иако немаше официјални информации за состојбата на принцот Филип од минатата недела.
Филип, кој се повлече од официјални ангажмани во 2017 година, помина четири ноќи во истата болница кон крајот на 2019 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа