Привлекуваат среќа и добра енергија: Овие 4 бои се апсолутен хит во уредување

 

Водечките светски експерти од полето на дизајнот на ентериер тврдат дека потрошувачите ширум светот, сега повеќе од некогаш, копнеат по стабилност, па така предност им се дава на сите оние мирни и постојани нијанси засновани на природата.

Тие се идеални за враќање на рамнотежата во живот, но и даваат доза на свежина во станбениот простор.

Освен тоа, овие 4 нијанси внесуваат елеганција и луксуз во секоја просторија.

Доколку и вие сакате да бидете во чекор со трендовите, изберете ги овие 4 бои во уредување на ентериерот оваа година:

Нежно жолта

Нежно жолтата боја внесува топлина во домот. Таа асоцира на надеж и спокој, чистота, удобност. Идеална нијанса доколку сакате да внесете малку ведрина во животниот простор.

Жалфија зелена

Нежна, но на посебен начин. Оваа нијанса е толку природна што се вклопува во секој простор, иако со целосно право може да се каже дека својот максимум го достигнува токму во дневната соба. Лесно се комбинира со речиси секој стил на мебел иако во основа најмногу ѝ прилега светло дрво.

Земјени тонови

Нијансите инспирирани од природата и оваа година се во тренд. Луѓето едноставно бараат меки и познати тонови за да создадат чувство на топлина и благосостојба во домот, а природата е онаа која може да им го понуди она што им недостасува.

Пастелни нијанси

Пастелните тонови не само што пружаат мирно и прозрачно чувство туку и совршено добро одговараат со широк спектар на бои. Слободно испробајте ги суптилните нијанси на виолетова, сина и жолта боја во спалната соба за да создадете опуштена атмосфера за помирен сон, но не заборавајте да ги внесете и во дневната просторија.

01.02.2022 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега