Првата дама на погреб со фустан од својата кројачка и ташна од Старата Чаршија
Претседателот Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска вчера и денеска се во посета на Лондон по повод државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора. Во текот на вчерашниот ден претседателот и сопругата оддадоа почит на посмртните останки во Вестминстер. Денеска присиуствуваа на погребната служба во Вестминстерска опатија.
„Како што налага протоколот, претседателот и сопругата беа облечени во темно. Сопругата на Пендаровски овојпат сама се погрижи за изгледот во соработка со нејзината кројачка со која соработува со години. Вчера носеше црн класичен фустан, а денеска мантил фустан и шапка. Во однос на аксесоари, вчера носеше охридски бисери кои ги има од претходно, а чантата и од занаетчија од Старата чаршија“, велат за Репортер од Кабинатот на претседателот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа