Психолозите предупредуваат: Некомуницирањето со партнерот ќе ви донесе проблеми
Психолзите често повторуваат дека комуницирањето е клуч за здрава врска. Три четвртини од паровите велат дека повеќе би сакале да комуницираат, шест од десет парови чувствуваат дека го губат контактот со сродната душа, додека 15 од нив дел од времето го поминуваат следејќи ги јавните личности отколку да разговараат со партнерите.
Истражувањето во кое учествувале 2.000 испитаници покажало дека и третина од паровите повеќе комуницираат на социјалните мрежи отколку во живо. Психолозите тврдат дека постојат многубројни последици, од оддалечување, губење на блискоста, па и до голем број на проблеми.
Се живее многу брзо и се помалку време имаме едни за други, па стручните лица советуваат да ја подобрат комуникацијата така што ќе јадат најмалку еден оброк заедно во денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа