Рецепт за омилениот посен десерт во Македонија: Баклава која ќе му се допадне на целото ваше семејство

 

Во Македонија многу луѓе ја сакаат баклавата, а овој десерт може да се подготви на многу начини.

Овој пат ви објавуваме рецепт за посна баклава, која е идеална за оние кои го практикуваат велигденскиот пост, но и за оние кои сакаат нешто малку поинакво.

Рецепт за посна баклава со цимет, ореви и малку лимон

Состојки:

500 грама кора за пита

200 грама мелени ореви

 

3-4 лажици суво грозје

1 лажичка цимет во прав

200 грама шеќер

2 кесички ванилин шеќер

сок од 1 лимон (оставете парче за декорација)

Подготовка:

Измешајте ги оревите, сувото грозје и циметот и со него посипете  ја секоја втора кора.

На крај баклавата покријте ја со две кори, посипете ја со вода и ставете ја во загреана рерна да се пече.

Испечената баклава извадете ја од рерна и оставете ја да се излади.

Шербет:

Измешајте шеќер со ванилин шеќер, додадете сок од лимон и околу 150 милилитри вода, па варете на тивок оган додека не се стопи целиот шеќер.

Оладената баклава прелијте ја со врелиот сируп, посипете ја со малку цимет и оставете да го впие шеќерниот сируп.

Се сече на коцки или триаголници.

03.04.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега