Рекорден број на фалсификувани евра во Германија

 

Германската Централна Банка во Франкфурт објави дека изминатата година се повлечени голем број на лажни банкноти, особено оние со вредност од 50 евра.

„Бројот на фалсификувани банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 проценти во споредба со 2022 година и изнесуваше 56.000“, се вели во соопштението на германската централна банка.

Штетата предизвикана од фалсификуваните банкноти изнесува 5.1 милион евра.

Лажните банкноти од 200 евра и 500 евра се користеле при трговија со накит, злато и облека.

Сепак, банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна меѓу фалсификаторите.

30.01.2024 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега