Роналдо ќе ја „грее клупата“ против Брајтон

 

Кристијано Роналдо треба да е подготвен за засрамувачко седење на клупата на стартот на сезоната на Манчестер јунајтед, чекајќи дозвола да си замине од клубот, тврди бритнскиот „Сан“.

Откако 37-годишниот Португалец ги пропушти турнеите на Тајланд и Австралија наа „ѓаволите“ поради семејни причини, одигра само едно полувреме во неделата против Рајо Валјекано, што не е доволно новиот менаџер Ерик Тен Хаг да го стави во првиот тим на отварањето на сезоната против Брајтон на „Олд Трафорд“ во недела.

Според „Сан“, Тен Хаг ќе го заддржи ударното трио Џејдон Санчо-Антони Марсијал-Маркус Рашфорд, кое импресионираше во пред-сезоната, што значи дека дури и да се врати во ритам за натпреварување, местото на Роналдо во првите 11 не е сигурно.

Роналдо сака да замине од Јунајтед само 12 месеци откако се врати од Јувентус, но клубот одбива да преговара за било каков трансфер, бидејќи тој има 12 месеци од договорот плус опција за уште една сезона.

03.08.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега