Русија и Украина разменија по 75 воени заробеници
Русија и Украина разменија по 75 воени заробеници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на преговарачкиот процес, 75 руски воен персонал, кои се соочуваа со смртна опасност во заробеништво, беа вратени од територијата под контрола на режимот во Киев, а за возврат беа префрлени 75 воени заробеници на вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.
Разменетите руски војници ќе бидат префрлени во Москва на лекување и рехабилитација во медицински установи.
Во соопштението се додава дека Обединетите Арапски Емирати дале помош за посредување во размената на затвореници.
Претходната размена на воени заробеници меѓу Киев и Москва се случи на 8 февруари, кога беа разменети стотина затвореници од двете страни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа