Русите се колнат во овој лековит рецепт: Подгответе моќен напиток кој е вистинска „бомба“ за имунитетот
Топлиот напиток треба да го консумирате двапати дневно, пред оброк, а за неколку денови ќе почувствувате промена, повеќе енергија и елан.
Сезоната на настинки и грипови е во тек, а покрај нив и омикрон сојот се шири со молскавична брзина, па од голема важност е навреме да мислите за вашиот имунитет, како по пат на суплементи, исхрана богата со овошје и зеленчук, така и со моќни природни напитоци кои ќе го закрепнат организмот.
Покрај вообичаената лимонада, свежо цедените сокови и билни чаеви, во Русија луѓето со години посегнуваат по вистинскиот еликсир на здравјето кој се покажал како моќен во текот на зимата.
Рецептот е многу едноставен, а ќе ви бидат потребни само неколку лековити состојки:
- Литар флаширана вода;
- Ќесички црн чај;
- Лажичка цимет;
- 1 чаша свежо цеден сок од портокал;
- 1 чаша свежо цеден сок од ананас;
- 1 чаша свежо цеден сок од лимон;
- Свежо нане.
Подготовка:
Во тенџере ставете ја водата и ќесичките црн чај и оставете да провријат, па додадете цимет, лимонов сок, а потоа и портокалот и ананасот. Варете неколку минути и исечкајте свежо нане.
Топлиот напиток консумирајте го двапати дневно, пред оброк, а за неколку денови ќе почувствувате промени, повеќе енергија и елан.
Црниот чај е богат со полифеноли, и е одличен антиоксидант. Полифенолот ја блокира оштетената ДНК и така позитивно влијае на нашето целосно здравје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа