Зеленски: Ќе разговарам само со Путин – и со ниту еден друг
Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска порача дека кога се во прашање мировни преговори, подготвен е да разговара единственио со рускиот лидер Владимир Путин и ниту еден друг руски функционер.
Зеленски, зборувајќи на Минхенската безбедносна конференцијаистакна дека овој разговор ќе се одржи само откако Украина ќе постигне заеднички план со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.
Тој додаде дека Трамп му го дал личниот телефонски број и му рекол дека може да му се јави во секое време.
14.02.2025 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа