Руските обвинители бараат 9 и пол години затвор за Бритни Грајнер
Руските обвинители побараа затворска казна од 9 и пол години за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, која беше уапсена пред речиси шест месеци на аеродромот во Москва со траги на канабис во нејзинините торби.
31-годишната поранешна двократна олимписка шампионка игра за Финикс меркјури во ВНБА-лигата, меѓутоа кога трае паузата во сезоната од 2014 година игра и во рускиот УММЦ Екатеринбург. Нејзината адвокатка Марија Благоволина тврдеше дека таа користела канабис за третирање на болките што ги добива од повредите во својата кариера, но и дека користела само во Аризона, каде што медицинската марихуна е дозволена.
Од друга страна, обвинителот Николај Власенко тври дека таа намерно го спакувала маслото од канабис и побара глоба од 1 милион рубли (околу 17.000 долари) и затворска казна.
Минатата недела американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, побара да се прифати договорот, со кој Грајнер и Пол Вилан, американски државјанин обвинет за шпионажа, во практична размена на заробеници за Виктор Боут, трговец со оружје, кој издржува затворска казна во САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа