Русокоси, црнокоси или црвенокоси: Кои се најпосакувани?
Вицевите и насловните страници во магазините направија „фама“ дека русокосите се секуално најпосакувани. Дали навистина тоа е така?
Одговорот е – не.
Докторот Вернер Хабермел од Истражувачкиот Институт во Хамбург, спровел истражување во кое ги споредил сексуалните навики на неколку илјади Германци и бојата на косата на нивните партнерки. Заклучокот е дека црвенокосите жени имаат далеку поактивен сексуален живот од останатите.
Објаснувањето е едноставно – тие полесноо го привлекуваат вниманието зашто се истакнуваат од масата, нивниот број е помал, а ништо помалку не е важен фактот дека со својата коса како пламен потсетуваат на младост и плодност.
-Сите тие карактеристики кога ќе се искомбинираат ги доведува до самиот врв на посакуваност меѓу мажите, вели др. Хабермел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа