Само вака правилно се пие витамин Д: Овие 4 работи се најважни за телото да го апсорбира

 

Ако пиете суплемент витамин Д, можеби мислите дека со тоа што сте потрошиле пари и сте почнеле да го пиете секој ден, сте го решиле проблемот. Но тоа е далеку од вистината!

Суплементите на витамин Д не се магични пилули и за телото да искористи што повеќе од овој витамин, мора да се создадат оптимални услови во системот за варење, особено во тенкото црево.

Овие четири работи се клучни за телото да апсорбира што повеќе. Еве како се пие витамин Д!

Јадете храна богата со влакна

Многумина не знаат колку е ова важно! Пребиотските влакна му се омилената храна на нашиот микробиом и нивното внесување гарантира дека тој ќе функционира како што треба. Овошјето, зеленчукот, мешунките и семињата се намирници богати со влакна, кои би требало да ги внесувате секој ден.

Пијте го витаминот со квалитетно масло

Витаминот Д е растворлив во маст, поради што суплементот често е во форма на капсули што содржат некој вид масло. Важно е маснотијата да биде квалитетна, па дури и ако земате витамин Д во форма на суви пилули, земете со него и малку маслиново масло. Телото ќе апсорбира 32 отсто повеќе!

Земајте пробиотик

На тој начин ќе му обезбедите на телото сè што му треба за микробиомот да функционира оптимално. Во телото има помеѓу 300 и 500 видови микроорганизми, секој од нив има свои „потреби“, но сите сакаат пробиотици.

Внесувајте магнезиум

Овој минерал е клучен за искористување на витаминот Д во телото. Ако немате доволно магнезиум, непотребно сте трошеле пари на суплемент за витамин Д. Магнезиумот е неопходен за да се спроведе циркулацијата на витамините и неговото врзување за ткивата.

19.01.2022 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега