СДСМ: Членството во НАТО е историски успех за граѓаните и државата
Нашата татковина, нашите граѓани веќе ги живеат историските успеси кои ги чекавме 30 години, велат преку соопштение од СДСМ.
„Ние сме НАТО, полноправна и рамноправна земја членка на најголемиот воено-безбедносен сојуз, Република Северна Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како нејзина полноправна членка.
Нашето членство во НАТО е реализација на нашата стратешка и национална цел поставена уште од независноста.
Додека премиерот Зоран Заев и нашата државна делегација посветено работат за иднината на државата, за сите граѓани, додека во тек е дипломатска офанзива за деблокада на провесот на интеграција во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште подлабоко тонат во деструктивната матрица.
Откако доживеаја тотално фијаско на протестите и блокадите, сета нервоза и агресија ја канализираат во нови опструкции и блокади.
Таквата деструктивност, оваа дезориентирана партија ја доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните“ стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа