СДСМ: Изградбата на инфраструктура за сите не запира, во вонредни услови инвестираме во развојот и иднината

Владата предводена од СДСМ гради инфраструктура за сите и во вонредни околности поради коронавирусот, и тоа со забрзана динамика, почитувајќи ги сите мерки за заштита. Тоа е новото нормално и е помош на економијата во многу важен период, стои во денешното соопштение до јавноста на СДСМ.
„Досега се инвестирани речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.
Република Северна Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.
Градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1500 км постоечки патни правци.
Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели.  Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата.
Инрензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во којашто е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се одвоени 100 милиони евра за сите општини во државата.
Во изминатиот период ги подобривме и условите и во 28 јавно-здравствени установи.
Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.
СДСМ како одговорна партија, покажа домаќинско работење и водена од интересот на граѓаните пристапи кон сериозни инвестиции во инфраструктурата. Со тоа инвестираме во иднината и во самоодржливоста“, пишуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега