Се огласи и човекот кој му го даде пиштолот на Алек Болдвин: Шокиран сум

 

Асистентот на режисерот што на актерот Алек Болдвин му го даде пиштолот со кој ја уби директорката на фотографија на сетот прозборе за прв пат по трагедијата. Дејвид Халс за Њујорк пост изјави дека е „шокиран и тажен“ поради смртта на Халина Хачинс.

„Халина Хачинс не беше само една од најталентираните луѓе со кои сум работел, туку и моја пријателка“, рече Халс.

За улогата на Халс во несреќата на 21 октомври во Ново Мексико се шпекулира откако тој им рекол на инспекторите дека требало да го провери оружјето, но дека не го сторил тоа.

02.11.2021 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега