Се појавија нови снимки од Конгресот на СДСМ – Максим Димитриевски: Партијата се сведе на здруженија на поединци

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија нови видеа од Конгресот на СДСМ каде високи партиски членови го критикуваат раководството на партијата.

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски вели дека партијата се довела на Здружение на поедици.

Вели дека по промената на Статутот на партијата, голем број партиски членови не се придржувале до слоганот „Транспарентност, отчетност и одговорност“.

-Го променивме Статуто, му дадовме поголеми надлежности и на претседателот на партијата, со можност да номинира и избира претседатели на општински, а потоа дополнително самите да даваат лични предлози за составниот дел на општинските раководства. За жал, од оваа дистанца денеска, а не сакам да верувам во тоа дека е така, гледам дека не сите наши партиски другари го доживуваат или разбираат слоганот „Транспарентност, отчетност и одговорност“. Всушност, за жал, ги трансформираа одредени општински организации, а со тоа делумно и партијата, можеби грешам, во Здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе, вели Димитриевски.

Понатаму, кумановски градоначалник рече дека ќе стори сѐ да се промени овој начин на функционирање на партијата.

-Во ниту еден момент не смее да заборави ниту еден наш партиски функционер, носител на јавна, државна и политичка функција дека не смееме да оставиме впечаток дека наликуваме на она против што своевремено се боревме, а за жал имаме такви примери. Лоши примери коишто во јавноста генерираат лоша слика нас како политички субјект, вели Димитриевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега