Се пријавила на оглас за работа и добила одговор кој ја расплакал: Работодавачот ѝ испратил писмо дека е одбиена

 

Девојката се расплакала откако потенцијален работодавач ѝ кажал многу детално дека е одбиена нејзината молба за работа.

Киран, инаку лондонска писателка, споделила фотографии од писмо од компанијата во која аплицирала и рекла дека е шокирана од неговата содржина.

Иако ја одибл, работодавачот се потрудил тоа да звучи благо и да ја мотивира понатаму да работи во животот. Младата жена писмото го објавила на Твитер, а истото брзо се проширило на останатите социјални мрежи. На кратко, луѓето не можат да се одлучат дали писмото е симпатично или застрашувачко.

Откако ѝ објаснил дека нема да ја примат затоа што не е доволно квалификувана за работата, работодавачот продолжил: „Продолжете да се обидувате и пријавувајте се. Никој не се сеќчава на одбивањата, потребно ви е само едно „да“ од некој и се ќе се промени“.

Но, неименуваниот маж не запрел тука, туку на Киран ѝ ги набројал сите славни личности кои некогаш биле одбиени.

„Мајкл Џордан го исфрлиле од средношколскиот кошаркарски тим. Лејди Гага после три месеци била исфрлена од издавачка куќа...“, стои во продолжението од писмото.

Ова необично писмо луѓето масовно го споделувале на социјалните мрежи.

„Ова писмо е полошо од одбивањето“, „Дали е ова слатко или застрашувачки? Не можам да се одлучам“, гласат некои од коментарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2021 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега