„Сè уште ја сакам“ – Бред Пит откри со кого ја имал една од најдобрите врски

 

 

Бред Пит се забавуваше со голем број познати актерки, меѓу кои и неговите поранешни сопруги Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но сега откри дека една од неговите најдобри врски била со поранешната девојка Џулиет Луис.

Холивудската ѕвезда се присети на времето поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Поминав одлично време со неа. Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува сè, а тоа едноставно не е така. Нели?“, рече 59-годишниот актер во интервју за „Венити фер“.

Поранешниот пар се запозна на снимањето на филмот „Премногу млад за да умре“. Луис имаше 17, а Пит 27 кога почнаа да се забавуваат. Тие исто така глумеа заедно во трилерот „Калифорнија“. Беа во врска три години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @softnostalgias

14.06.2023 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега