Седела до својот вереник во возот, два дена подоцна ја идентификувале: Погребана е Ифигенија, семејството во солзи

 

Грција жали за 57-те луѓе кои ги загубија животите во судир на патнички и товарен воз на 28 февруари кај Лариса. Меѓу загинатите е Ифигенија Мицка (23) која кобниот ден се качила во возот на смртта со својот вереник. Со тешки повреди успеале него  да го извлечат од третиот вагон, но неа не можеле да ја најдат. Два дена подоцна успеале да го идентификуваат нејзиното тело.

Нејзиното семејство и пријатели, но и бројни граѓани денеска ја испраќаат на вечното почивалиште,  пренесува Телеграф.рс.

„Свршеникот информираше за трагедијата. Денеска е погребот во црквата“, рече адвокатот на семејството.

Ифигенија седела на седиштето број 67 во третиот вагон до нејзиниот вереник кога нивниот воз и товарен воз директно се судрија кај Темпи.

Судирот на два воза се случи на 28 февруари, нешто по 23 часот. Полицијата го уапси шефот на станицата во Лариса, кој според првите резултати од истрагата пренасочил патнички воз на пруга каде во спротивна насока сообраќал товарен воз. Околу 15 минути по пренасочувањето се судрија два воза.

04.03.2023 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа