Семејството не знаело што да прави: Носел кеса наместо дрес, а потоа го запознал Меси и животот му се претворил во пекол

 

Приказната која ја обиколи планетата нема среќа крај, но се уште не е доцна.

Пред пет години целата планета зборувала за детето од Авганистан кое имало само една желба, да го носи дресот на неговиот идол Лионел Меси. Бидејќи семејството немало пари да му го купи, неговиот брат од пластична кеса му направил импровизиран дрес од аргентинскиот фудбалер.

Кога фотографијата дошла до интернетот, сите се активирале па фотографијата ја видел и Меси лично, кој го угостил малиот Муртаз Ахмади, тогаш петгодишник. Дури и му овозможил да се појави на терен пред натпреварот заедно со фудбалерите на Барселона.

Сепак, приказната немала среќен крај. Детето сега има 10 години, и натаму живее во Авганистан со семејството кое одвај крпи крај со крај. Тие очекувале дека Меси ќе им помогне, но до тоа не дошло.

"Отидовме во Катар и мислевме дека Меси ќе ни помогне, но не направи ништо за нас. Кога се вративме, луѓето почнаа да не прашуваат дали сме земале пари од Меси. Се вртеа околу нашиот дом навечер, и тоа многу не вознемируваше", рекол таткото на Муртаз, Ариф за "Bleacher Report", кој по пет години одлучил да направи документарен филм за момчето.

После тоа добиле писмо од терористи кои се заканувале дека ќе го киднапираат детето и ќе бараат откуп. Тогаш семејството одлучило да побара азил, но биле одбиени. Не им преостанало ништо друго освен да го пратат Муртаз да живее во Кабул кај неговиот вујко, каде што е многу помирно.

"Пред да го запознае Меси беше среќно дете, зборливо и храбро. Сега не зборува многу. Таа ситуација го загрози нашиот живот, тоа не ни беше потребно", рекол таткото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега