Сестрата на Коста ги труела пријателите со „Доместос“, мајката сакала да избегаат во Охрид

Во средината на јуни Миљана Кечмановиќ се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија. Според медиумите, таа сакала да ја однесе ќерка си во во Охрид. Овој настан ги налути не само семејствата на убиените и ранетите деца, туку и јавноста во Србија. Веста тогаш ја пренесоа повеќе медиуми.

Помладата сестра на момчето убиец Коста Кецмановиќ на судењето признала дека на еден собир со другарите таа им истурила од средството за чистење „Доместос“ во соковите, пишува српска Република. Сестрата сведочела заедно со мајката на Коста. Овој случај не е поврзан со масакрот, но бил дел од исказот.

– На еден собир со други деца им истурала од (средството за чистење) „доместос“ во чашите со сокови. Сѐ завршило среќно бидејќи едно од децата забележало чуден вкус на чашата и им кажало на своите родители. Потоа настанала паника, а кога децата се смириле, откриено е кој е виновникот. Сестрата на момчето убиец признала сѐ и објаснила дека тоа е „детска игра – вели информиран извор од истрагата.

Децата и нивните родители ова го прифатиле, но ги прекориле родителите на Кецмановиќ.

– Не би било првпат децата да не знаат да разликуваат „игра“ од реални опасности, да помешаат реалност и фикција, но затоа се тука родителите. Нивна должност е да се грижат за воспитувањето на синовите и ќерките, а и за нивното дружење, особено што денес малите деца веќе на таа возраст, од девет или десет години, имаат пристап до разни опасни содржини на Интернет, телевизија, и во компјутерски игри – смета изворот.

Средството „Доместос“ содржи хлор кој може да предизвика сериозно оштетување на органите, дури и смрт на самото место, велат експертите.

Мајката Миљана исто така е обвинета и дека ја занемарила и злоупотребила својата ќерка.

Во средината на јуни Миљана Кечмановиќ се обидела да ја премине границата и да ја напушти Србија. Според медиумите, таа сакала да ја однесе ќерка си во во Охрид. Овој настан ги налути не само семејствата на убиените и ранетите деца, туку и јавноста во Србија. Веста тогаш ја пренесоа повеќе медиуми.

На 10 октомври беше објавено обвинението на мајката во случајот со синот Коста. Бидејќи нејзината ДНК беше пронајдена на чаура која била испукана на денот на масакрот во кабинетот по историја во училиштето каде пукаше Коста, против Миљана е покренато обвинение за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Таа се соочува со затворска казна од две години и шест месеци. Таа добила и забрана за приближување, средба и комуникација со нејзиниот син и била предупредена дека може да и се изрече построга мерка доколку ја прекрши забраната.

Истовремено, таткото на Коста К. се соочува со 12 години затвор. Обвинетите Р.И и Н.М. од стрелиштето каде Коста К. вежбал да пука заедно со татко му се обвинети за давање лажен исказ.

Неименуваниот извор од истрагата смета дека и таткото и мајката ги охрабрувале децата да прават опасни работи и им дале премногу слобода.

20.11.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега