Сестрата на Теодора скршена: Сестра ми сака мирно да спие, до кога ќе умираме од болка?
" И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! Сакаме веќе колечно да имаме правда!ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!"
Ова вчера на Фејсбук го напиша Ева Ристовска, сестрата на Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа.
По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.
- Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа