Северна Кореја и испрати балони полни со измет на Јужна Кореја

 


Северна Кореја пуштила 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две гранични провинции на југ, што ги навело властите да ги предупредат жителите да останат во затворено и да не ги допираат балоните и пластичните кеси затоа што содржат „валкан отпад и ѓубре“ , пишува на Би-Би-Си.

Северна и Јужна Кореја користеле балони во нивните пропагандни кампањи од Корејската војна од 1950 -тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја рече дека ќе се возврати на „честото ширење на летоци и ѓубре“ во граничните области од активисти на Југот.

„Еден куп стара хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ граничните области и внатре во Јужна Кореја“, рече заменик министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил во изјава за државните медиуми.

Јужнокорејската новинска агенција објави дека „се чинеше дека некои од паднатите балони носат измет, судејќи според темната боја и мирисот“ “

Јужнокорејската армија го осуди делото како „очигледно кршење на меѓународното право“.

„Ова сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува заради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да ја прекине оваа нехумана и груба акција“, рече армијата.

29.05.2024 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега